Научниците открија зошто жените се гласни во сексот

Тим на научници од Универзитетот Ланкашир во Индијана, откриле зошто жените стенкаат за време на сексот. Спроед нив, гласни се затоа што мислат дека така повеќе го возбудуваат партнерот во кревет и дека го поттикнуваат да доживее оргазам.

Научниците истражувањето го направиле врз жени на возраст од 18 до 48 години. Ги прашувале за сите детали за време на сексот. Откриле дека повеќето од нив стенкале, но не за време на оргазам. 66% од нив признале дека стенкањето го забрзувало оргазмот кај партнерот.

Другите пак одговориле дека тоа го правеле за да се чувствуваат посекси и посамоуверени. Научниците велат дека женските оргазми најчесто се постигнуваат за време на предиграта, а дека најмногу глумат пред и за време на оргазмот на партнерот. 

Додаваат и дека жените гласно стенкаат и за да не бидат досадни во кревет.

„Нема многу истражувања во оваа област, а сме бомбардирани преку социјалните медиуми дека стенкањето е поврзано со оргазмот и добриот секс“, рече научникот Кристен Марк од Универзитетот во Индијана и додаде:

„Ако стенкате, тоа значи дека му давате до знаење на партнерот дека е добар во кревет. Но, не е секогаш така. Затоа стенкањето треба да го користите само кога нешто е добро, а не кога сакате нешто да сокриете од партнерот“. 

Scroll to Top