Полека наближуваат празниците, а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселат на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња.
Meдени новогодишни колачиња
Брзо се прават и може долго да стојат. Состојки: 350 гр брашно 100 гр шеќер Половина кесичка прашок за пециво. По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед 100 гр мелени бадем 2 јајца 120 гр путер Подготовка: Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови.
Лондонери-колачиња
Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт. Со години е составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Состојки: 300 грама брашно 150 грама путер Ванилен шеќер 2 јајца Прашок за пециво 2 лажици млеко Подготовка: Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени.