Пита со ванила и јаболка со лиснато тесто

Потребни состојки:

Еден блок лиснато тесто
1,5 кг јаболка
3 кесички ванила
Шеќер по вкус
150мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Во подмачкан калап за печење ставете го претходно расуканото лиснато тесто. Отстранете ги краевите и избоцкајте го тестото со вилушка. Излупете ги јаболката, исечете ги на тенки парчиња и наредете ги врз тестото. Најубаво изгледа кога се наредени кружно. Измешајте ги ванилите со шеќерот и ставете врз јаболката. Прелијте со 100 мл слатка павлака. Печете 15 минути на 200 степени, па намалете на 180 степени и печете уште половина час. Пред крајот ставете уште 50мл слатка павлака и допечете го колачот.

Scroll to Top