Состојки:
– 2 јаболка
– 2 лажици џем од кајсии
– 1 лажичка цимет
– 100 мл масло
– 200 гр брашно
– 100 гр шеќер
– 100 ml кисела вода
– 1 прашок за пециво
– 1 ванилин шеќер
– 4 лажици сечкани бадеми
– шеќер во прав и листови бадем, за декорација
Подготовка:
Јаболката изрендајте ги и ставете ги во сад. Додадете џем од кајсии, брашно, масло, шеќер, ванилин шеќер, прашок за пециво и кисела вода. Измешајте ја смесата со лажица додека не се соедини.
Смесата се става во плех обложен со хартија за печење и се посипува со сечкани бадеми. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 до 40 минути.
Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и декорирајте со листови бадем.