Рецепт за домашен сладолед од чоколадо

Состојки:
300 мл полномасно млеко
200 мл слатка павлака
100 гр шеќер
4 жолчки
100 гр темно чоколадо (70% какао)
2 лажички мед
1 лажичка чист екстракт од ванила

Подготовка:
Измешајте ги млекото и слатката павлака и оставете да зоврие. Се трга од оган, се додаваат коцките чоколадо и медот и се меша додека не се растопи.

Со миксер измешајте ги жолчките со шеќерот.

Во смесата со жолчките додадете го топлото чоколадно млеко, убаво измешајте за да се изедначи, па вратете го на оган и варете на тивок оган мешајќи додека кремот не почне малку да се згуснува, но не смее да врие.

Сварениот крем (кој е доста тенок, т.е. течен) истурете го во сад и измешајте го екстрактот од ванила низ мрежеста цедалка. Кога целосно ќе се излади, ставете го во замрзнувач најмалку 3-4 часа или уште подобро преку ноќ.

Scroll to Top