Рецепт за полнет кромид

Потребни состојки: 10 парчиња кромид со средна големина, 500 гр мелено говедско месо (или друго месо по ваш избор), 150 гр ориз, 1 голем морков, сол, црн пипер, црвен пипер, 1 лажица брашно, масло.

Подготовка:
Излупете го кромидот и извадете  го коренот со нож, а потоа ставете го во сад со вода. Варете околу десет минути, не смее да се превари. Извадете го и ставете го во ладна вода. Додека се готви кромидот, подгответе го филот. Во месото додадете ориз, рендан морков, зачини и околу 50 мл вода. Откако кромидот малку ќе се излади, внимателно одвојте го секој слој, за да добиете тенки корпи. Внимавајте слоевите кромид да не се распаѓаат. Можете да користите рачка од лажица за полесно да ги разделите. Секој слој кромид наполнете го со фил и наредете го во добро подмачкан длабок сад. На малку масло ставете една лажица брашно и една лажичка мелен црвен пипер. Мешајте една минута, додека не почувствувате мирис на испрженото брашно. Тргнете го од оган и полијте го со 300 мл ладна вода. Добро измешајте за да се распаднат грутките. Истурете го сосот врз кромидот. Течноста треба да го покрие кромидот до половина, па прилагодете ја количината во садот, додавајќи повеќе вода по потреба. Ставете го ручекот на шпорет, на средна температура, додека течноста не зоврие. Потоа префрлете се во рерна. Печете 40 минути на 220 степени.

Scroll to Top