Рецепт за тостерки

Состојки:
4 јајца, 600 гр брашно, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 2 чаши шеќер, 1 прашок за пециво (за мерење се користи стандардна чаша од 180 ml).

Подготовка:
Во сад за матење измешајте ги брашното, прашокот за пециво и шеќерот, па додајте ги јајцата, млекото и маслото. За печење на тостер доволна е една полна лажица тесто за да се добие формата. Внимавајте да не ставите многу, тестото да не истече, а самите галети да останат полуварени одвнатре и црни однадвор.

Вкусни се за јадење и се комбинираат со џем, крем или сладолед.

Scroll to Top