Сладок десерт за целото семејство. Баклава на поинаков начин. Потребни се :
500 гр готови кори за пита
250 гр путер (за прскање и подмачкување на тавата)
300 гр ореви
300 гр лешници
Шербет:
1 кг шеќер
1100 мл вода
20 гр ванилен шеќер
50 гр мед
лимон
Подготовката започнува со подмачкување на тавата со путер, и поставување на рерната на тепература на 200 степени. Измелете ги ситно оревите и лешниците.
Ставете една кора на работната маса, посипете ја насекаде со растопениот путер, а потоа малку мешавина од оревите и лешниците. Користете сукало, свртете ја кората во форма на ролна односно прикачете ја на сукало и завиткајте, а потоа сукајте ја со прстите и внимателно извлечете ја и ставете ја баклавата во плех за печење.
Процесот го повторувате додека не се потрошат корите. Потоа вака приготвените кори се печат на загреаната рерна 30 до 40 минути, додека убаво заруменат.
Додека корите се печат приготвувајте го шербетот, со што во водата додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и медот, ваквата состојка ја подготвате 10 до 15 минути откако ќе зоврие.
Шербетот кога ќе биде готов, истурете го одозгора врз врелата баклава. Оставете ја баклавата добро да впие од шербетот пред да ја сервирате. Ставете и неколку кругови од лимон врз баклавата за подобар вкус.
Вака подготвената баклава откако ќе се излади може да се сервира и консумира.