Сатараш – летна манџа со јајца

By

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

2 главички кромид
4-5 пиперки
7-8 зрели домати
1 лута пиперка
зачин
масло
2-3 јајца
сол
бибер

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти и се сече на тенки долгнавести резанки. Се динстува додека не омекне на загреано масло со повремено додавање вода да не изгори. За тоа време пиперките се сечкаат на коцки. По десетина минути, му се додаваат на кромидот и се динстуваат додека и тие не омекнат. Додека пиперките се пржат, се сечкаат излупените домати на ситни парчиња и се додаваат во тавата. Се намалува температурата, се додаваат и зачините, сечканата лута пиперка и малку вода. Смесата се динстува десетина минути, водата треба да испари и смесата да добие густина. Кога зеленчукот ќе биде убаво динстуван и омекнат, одозгора се кршат 2-3 јајца и се пржат на тивко, без мешање. По потреба тавата се протресува. Се пржи додека јајцата не бидат убаво испржени. Потоа се посипува со сечкан магдонос и се служи во тавата во која се пржел сатарашот.

Ќе ви се допадне