Сладолед-торта со чоколадо и бисквити

By

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

150 грама чоколадни бисквити
50 грама путер/маргарин
100 грама темно чоколадо
500 грама шлаг-крем
екстракт од ванила
200 грама кондензирано млеко
2 лажици какао

Начин на подготовка:

Сомелете ги бисквитите и префрлете ги во подлабок сад. Додадете 50 грама стопен путер и 1 лажица шлаг-крем. Добро измешајте ги состојките. Смесата префрлете ја во калап со дијаметар од 18 сантиметри. Во друг сад стопете 100 грама чоколадо заедно со 100 грама шлаг-крем. Измешајте 400 грама шлаг-крем со екстракт од ванила и додадете 200 грама кондензирано млеко. Одделете половина од добиената смеса и додадете 2 лажици какао. Наизменично нанесете од темниот и белиот крем врз калапот. На крајот, тортата премачкајте ја со чоколадо и ставете ја да отстои во замрзнувач неколку часа.

Ќе ви се допадне