Витаминска вода за освежување во летните денови од боровинки, лимон, краставица и босилек

Високите температури носат зголемено чувство на жед и потреба за освежување. За да ги ублажите последиците од непријатните високи температури, посегнете по вкусната витаминска вода.

Состојки: 2 чаши боровинки, 2 излупени и исечени портокали, 1 чаша јагоди, 1 излупен лимон исечен на парчиња, 1 голема краставица исечена, неколку листови босилек, 3 литри вода.

Подготовка: Измијте ги боровинките, излупете ги портокалите, лимоните и краставиците и сите ставете ги во бокал од три литри вода. Оставете во фрижидер минимум два часа, а потоа уживајте во освежителен пијалак.

Цитрусите ќе ги исфрлат токсините од телото, боровинките служат како извор на антиоксиданси, босилекот ќе го стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата ќе му даде на вашето тело и лице освежувачки минерали.

Совет: Таканаречените витамински води се одличен извор на течност за време на топлите летни денови. Доколку не ви се допаѓа оваа комбинација на вкусови, слободно спојте ги состојките со кои ќе ја збогатите водата по желба. Босилекот можете да го замените со нане, лимонот со лимета, а боровинките со малини или капини.




		
		
			
Scroll to Top