Принцот Хари и Меган ќе се свршат во декември

Принцот Хари и актерката Меган Маркл ја планираат свршувачката за декември.  Според магазинот „Хелоу“, ова го изјавил поранешниот главен готвач на принцезата Дајана, Дарен Мекгреди.

„Навистина мислам дека тие досега ќе го направеа тоа, но годишнината од смртта на принцезата Дајана е овој месец, па не е згоден момент. Исто така, во ноември кралицата Елизабета и принцот Филип ќе ја прослават платинестата свадба, па ниту тогаш нема да биде соодветно. Затоа, сметам дека свршувачката ќе ја објават во декември за да можат в година да стапат во брак“, вели Мекгреди.

Тој додава и дека ако свршувачката се случи во декември, Меган ќе може да се приклучи на традиционалната прослава на семејството за Божиќ.

Хари и Меган се забавуваат повеќе од две години одржувајќи врска на релација Лондон – Торонто.

Двојката месецов беше заедно на одмор каде што го прослави 36. роденден на актерката. Законот за кралските венчавки од 1772 година, надополнет во 2013 година, вели дека кралицата мора да ги одобри браковите на првите шест лица во редот за престолот, а на таа листа принцот Хари е петти.

 

 

Scroll to Top