„Фејсбук“ ќе се менува!

Шефот на „Фејсбук“, Марк Зукенберг, се извинил поради дебаклот со собирањето податоци и изјавил дека ќе сведочи пред американскиот Конгрес.

„Краткиот одговор гласи дека ќе бидам среќен да сведочам ако тоа е исправна работа“, изјавил Марк Зукенберг, основачот и директор на „Фејсбук“.

Прво сведочење

Иако „Фејсбук“ поседува војска адвокати и лобисти во Вашингтон, самиот Цукенберг никогаш не сведочел пред одборот на Конгресот.

Тој рекол дека не е прашање дали „Фејсбук“ треба да биде регулиран, туку како е најдобро да се направи тоа.

„Не сум сигурен дека не би требало да бидеме регулирани“, изјавил Зукенберг.

Директорот на „Фејсбук“ сега ветил дека дополнително на програмерите ќе им го ограничи пристапот на податоци на корисниците, вклучувајќи го и автоматското отстранување на пристапот до секоја апликација што корисникот не ја отворил барем три месеци. „Фејсбук“ ќе ги истражи сите апликации со пристап до голема количина податоци.

„Тешко е однапред да се знае што ќе пронајдеме, но ќе провериме илјадници апликации“, изјави Зукенберг и дополни дека тоа ќе биде детален процес.

Scroll to Top