Koja е мрачната страна на хороскопските знаци

Овен

Овој грабливец најчесто сака работи со кои ќе ја воодушеви својата околина. Агресивниот Овен верува дека ќе стане предмет на обожавање на целата населба доколку секоја ноќ под прозорците на соседите им прави бучава со својот мотор. Ќе го забележите како во дворот ги малтретира сите деца околу себе и им ги зема играчките, особено пластичните пиштоли или некоја друга играчка-оружје. Постарите Овни се највештите шверцери – тргуваат со делови од автомобили или со цели автомобили, а оние најекстремните и со оружје.

Бик
Овие грабливци не се ни трудат да се променат. Во потрага по богатство одат со раширени раце. Доколку откријат дека поседувате нешто што го немаат, ќе ве озборуваат, мразат и ќе страдаат. Сонот на секој Бик е да поседува неколку илјади хектари земјиште на кое ќе расте жито и овошје, по кое безгрижно ќе трча со овците и кравите, а кои сите еден ден ќе може да ги изеде. Урбаните Бикови се повеќе концентрирани на фрижидерите и замрзнувачите.

Близнаци
Близнаците најмногу ја сакаат славата, да делат автограми и слики, а доколку случајно влезат во некој телевизиски кадар, прават гримаси и си играат со рацете. Повеќето од нив веруваат дека се навистина славни и тоа без никаква основа. Во очекување на славата, Близнаците времето го поминуваат играјќи некоја игра на компјутер, праќајќи е-маил на некој пријател или свират на некој од своите музички инструменти. На постари години ќе ги видите во некој парк, како им ги земаат играчките на децата.

Рак
Ракот никогаш нема да биде целосно среќен доколку не поседува неколку куќи, по некоја викендичка, чамец итн.
Тој е најлошиот сопственик во зодијакот. Животна желба му е сам да живее во висококатница или во скривница или во милитантни бункери во цветни градини. Лош е и како потстанар. Тешко можете да го избркате, а ништо нема да биде чудно по неколку месеци тој да ве избрка вас.

Лав
Тие се најголемите грабливци во зодијакот, а лесно се прикриваат зад честа и големодушноста. Ќе ги препознаете по зажарениот поглед кој е насочен кон вашиот златен накит. При погледот на вашиот прстен неконтролирано си ги лижат усните, а најекстремните ќе се обидат да ви го украдат или барем ќе ви го побараат да го поносат некое време. Лавот сака да има многу и најмногу. Освен на златото, паѓаат и на крзна. Во секој пес или мачка гледаат потенцијална бунда или крзнени ракавици.

Девица
Грабливата Девица може да му нанесе многу штета на друштвото во целина, но и на поединците. Не паѓајте на нејзиниот незаинтересиран израз на лицето. Девиците се термити кои чистат се пред себе. Ако нема пари да купи компјутер, ќе се обиде да го украде. Не ѝ верувајте ако побара да позајми нешто од вас со ветување дека набрзо ќе ви го врати. Тоа нема да се случи никогаш.

Вага
Вагите се постојано се незадоволни од својата гардероба. Со часови можат да гледаат во излозите. Редовно ги посетуваат модните ревии, а љубоморно ги озборуваат манекенките и моделите што тие ги носат. Освен по облека, Вагите полудуваат и по шминка и парфеми. Никако не смеете да ги оставите во продавници без надзор, бидејќи тие ќе купат нешто што и вие имате. Потајно се надеваат дека еден ден Статуата на слободата ќе заврши во нивниот двор.

Скорпија
Ова е еден од најнепредвидливите грабливци во Зодијакот. Во моментите на голема желба шушкаат, шепотат и обилно се потат. Во крајни случаи не се при свест. Тие имаат желба за трупање големи количества заводничка долна облека, а во екстремни случаи и разновидни секс-помагала. Жедта за богатство не им е силна страна.

Стрелец
Снобовскиот Стрелец најмногу страда за статусни симболи. На помислата за палто од Армани, италијански чевли или некој расен пес, незадржливо му течат лиги. Стрелецот сака да поседува елитен коњ или барем пони на кој славно би јавал по градот. Кога ќе порасне сонува за јапонски автомобили, гаража полна со велосипеди, синџир ресторани и кафулиња, бунди, накит и костуми од Шанел. Повеќето од нив сепак собираат само љубовници.

Јарец
Бескрајно грабливо суштество, кое работи по системот молчи и земај. Не е претерано нападен, но лесно може да го препознаете по тоа што често се чеша по дланките. Никогаш ништо не му е доволно. Најомилената играчка на Јарецот е дебелиот паричник, полн со пари и кредитни картички. Покажуваат необична наклонетост кон часовници. Сепак, најмногу сакаат да чекаат на ред во банка за да вложат пари на своите банкови сметки.

Водолија
Овој најнезабележлив грабливец со наивен изглед, може да работи во некоја хуманитарна организација. Но, тој најмногу сака технички апарати во својата куќа, од најобичен миксер до 3Д телевизор. Немојте да му давате на услуга фотоапарат, камера или нешто слично – ќе ги задржи за себе. Водолијата сака да поседува домашно кино кое  цел ден би било вклучено. Најекстремните Водолии тајно посакуваат да станат астронаути.

Риби
Во моментите кога Рибите сакаат нешто силно, изгледаат многу збунети, почнуваат потешко да дишат и тоа може да го слушне околината, а и да се види на нивниот образ кој зацрвенува. Се смируваат дури тогаш кога предметот што го сакаат ќе стане нивен. Доколку немаат доволно пари клекнуваат пред продавачот и го молат за попуст.

Scroll to Top