Летале евра, од гостите не земале ни денар за подарок

Прасе од 200 килограми, ражен со еден куп јагниња, столици украсени како во хотел со пет ѕвезди, луксуз, и песни и ора и чочек.

Оваа луксузна свадба за која пишуваат сите српски медиуми се случи во Лескоец, во семејството на Предраг Пеки Бајрамовиќ, угледен трговец кој го женел единствениот син.

На сите трубачи им лепеле по 50 евра, велат не сакаат пари од гостите, туку луда забава за која се подготвувале две години.

Само за тоалетите и носиите на семејството се дадени по 1.000 евра.

Scroll to Top