Атанас и Тино: „Ах, љубов моја“

Новиот филмот „Ах, љубов моја“ во режија и по сценарио на Коле Ангеловски  премиерно ќе биде прикажан во рамки на Скопскиот филмски фестивал. Во него игра проверена актерска екипа, но, сепак впечаток остваат актерите од  “Златна буба мара“, Атанас и Тино кој глумат  блискост во некои од сцените во филмот.

„„Ах, љубов моја“ е љубовна комедија за познатата поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа.

Во филмот играат  Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен е само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари.

Scroll to Top