„Ориентал бенд“ преработи познати македонски евергрини

По речиси две години пауза, „Ориентал бенд“ се враќа на сцената. Бендот промовира проект кој содржи преработки на македонски евергрини и на неколку познати странски хитови.

„Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни на театарска сцена со светла даде плод и нескромно ќе кажеме дека добивме одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат момците од бендот.

За сите преработки се изработени и видеа кои ќе бидат објавени едно по едно, секоја недела на нивниот „Јутјуб“ канал.

„Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио ‘Анастасија’ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видеопродукцијата“, додаваат тие.

По празниците „Ориентал бенд“ ќе промовира и две авторски песни за кои се планирани и видеа.

Scroll to Top