Поп-пејачката Елена Ристеска изминатите неколку дена престојуваше во Италија. Таа реши да се одмори од бројните работни активности и да ја придружува својата сестра Драгица во Венеција.
Драгица му е посветена на сликањето, па овој пат неколку нејзини дела беа изложени во Венеција.
Елена не крие дека таа ѝ е најголемата поддршка на својата сестра (и обратно) и често патува со неа кога Драгица изложува надвор од земјава.