(Фото) Сара и Димитар си истетовираа бурми

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, си истетовираа бурми. Фотографијата од тетоважите на кои се гледаат стрелки што покажуваат во правец од едниот кон другиот ја објави Сара, а под неа напиша „Се бурмосавме“.

Таа и Димитар се во брак веќе неколку месеци, а веднаш по свадбата Сара беше гостин во студиото на „Репортер“ и во видеоинтервју раскажа за традиционалните обичаи и нетрадиционалните моменти на нејзината венчавка.

Scroll to Top