(Видео) „Флека“ го промовираа првиот спот

Македонскиот бенд „Флека“ го промовираше својот прв спот, за песната „Вентил“. Спотот е дел од општествениот проект за подобрување на урбаната култура во Скопје – „Дотерај го Скопје“, а кој го изработи скопски локал „Јавна Соба“.

„Флека“ досега беа познати по настапите во живо. Во бендот покрај Тони Зен членуваат уште десет музичари: Сиг (вокал), Нино Васков (вокал и гитара), Борче Кузмановски (клавијатури), Благоја Антовски (тапани), Гоги Полизов (бас), Анета и Гена Качуркова (придружни вокали), Александар Николовски (труба), Борислав Веселинов (саксофон) и Филип Стевановски (тромбон).

Музиката на „Флека“ е спој на фанк, хип-хоп, џез и соул. Видеото го изработи видео продукцијата „Sawyer & Finn“, а песната е на самиот бенд.

Scroll to Top