Полесно е кога имаш јахта

По стапките на светскиот џет-сет, и македонските поп-пејачки решија ова лето да го посетат Миконос. По Каролина, на грчкиот остров се чекира и Тамара Тодевска, качена на јахта.

„Уживам во животот“, напиша таа под објавената фотографија.

Тамара имаше успешна летна сезона со неколку настапи пред македонската публика и сега конечно најде време за одмор и релаксирање со семејството. Грчкиот остров Миконос годинава е топ-летна дестинација на која доаѓаат познати имиња и светски ѕвезди.

Scroll to Top