Ал ди Меола во Скопје ќе настапи со музика од „Битлси“

Еден од најголемите и најнаградувани гитаристи на сите времиња, Ал ди Меола, по пауза од речиси 10 години повторно се враќа во Скопје. Тој ќе одржи два концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25 ноември во Македонската опера и балет.

Ал ди Меола овој пат ќе настапи со музика на „Битлси“, Пјацола, како и негови авторски песни.

Светската јавност го запозна Ал ди Меола вo 70-тите години како гитарист во џез-фјужн составот Return to forever“ во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. Кон крајот на 70-тите години започна соло кариера и до денес има објавено 24 албуми. Ал ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати со името гитарско супер трио.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 9 октомври по цена од 1.500 и 2.000 денари.

Организатор на концертот е „Авалон продукција“.

Scroll to Top