Денот на раѓање влијае на вашиот карактер

Секоја од петте планети во хороскопот, плус Сонцето и Месечината, влијаат на нас. Токму затоа денот во неделата во кој сте родени во голема мера влијае на вашиот карактер. Според планетите, луѓето родени во среда се остроумни, а оние родени во петок се шармантни.

Понеделник – ден на Месечината

Ова е добар ден за социјални и работни контакти, но и контакти со семејството и пријателите. Овие луѓе се едни од најемотивните.

Вторник – ден на Марс

Родените во вторник имаат огромна сила и енергија. Овие луѓе секогаш се подготвени за совладување нови пречки.

Среда – ден на Меркур

Лицата родени во среда се интелектуалци, секогаш расположени за учење, за пишување, за читање. Никогаш не им пречи интернет, телефон, испраќање е-пошта…

Четврток – ден на Јупитер

Родените во овој ден имаат голема решителност и знаат како да ги решат и најтешките проблеми. Нивниот позитивен став им помага да го постигат тоа што ќе го замислат.

Петок – ден на Венера

Луѓето родени во петок се секогаш опуштени и расположени. Тие секогаш трагаат по љубов, нежност и романтика.

Сабота – ден на Сатурн

Овие луѓе знаат како да спречат работите да излезат од контрола. Секогаш ги тераат работите полека и детално, никогаш не одат со глава низ ѕид.

Недела – ден на Сонцето

Родените во недела се љубезни и великодушни. Тие секогаш се обидуваат да бидат добри личности, пријатни и за себе и за околината.

Scroll to Top