Каде денес живее ќерката на озлогласениот Пабло Ексобар?

Ќерката на Пабло Ескобар, Мануела, живее под лажно име и во континуиран страв дека ќе биде откриен нејзиниот идентитет, нешто поради што може да плати со својот живот поради злосторствата на татко ѝ.

За разлика од неа, синот на прочуениот наркобос, Себастијан Марокин, често се јавува во медиумите и дава интервју за татка си.

Мануела научила да бега пред да научи да оди. Како единствената ќерка на Пабло Ескобар научила како е да се живее под светлата од милион долари, но и во целосен мрак.

Приказната за животот и смртта на Пабло Ескобар ја знаат сите. Но, неговата смрт не е и крајот на приказната за кралот на кокаинот, туку само почеток.

Кога бил убиен Ескобар, неговата сопруга Марија Хенао, ќерката Мануела и синот Хуан Пабло, кој денеска се вика Себастијан Марокин, успеале да се преселат во Аргентина.

Со години барале азил стравувајќи за своите животи поради одмазда од Колумбија. Меѓутоа, долго време ниту една држава не сакала да им даде азил, а помош барале дури и од Ватикан. Во 1995 година успеале да стигнат до Мозамбик, па во Бразил и подоцна во Аргентина, каде што живееле со лажни имиња.

Марија живеела како Евгенија Хенао Валјехо, а Хуан Пабло како Себастијан Марокин. Во 1999 година беа уапсени за фалсификувани документи и перење пари. Поради немање доволно докази, биле пуштени на слобода, а многумина се прашувале само едно – каде е Мануела?

Таа засега е единствениот член на семејството Ескобар што никогаш не бил приведен. Имала едвај девет години кога татко ѝ бил убиен и оттогаш за неа речиси никој ништо не знае.

Кога биле уапсени мајка ѝ и брат ѝ, тоа била првата вест за Мануела по многу години. Медумите пренесоа дека не била уапсена со нив. Набргу „Ел тиемпо“ објави дека таа живее со лажно име Хуана Мануела Марокин Сантос во Буенос Аирес.

Живеела сама во зградата „Харамило“ во станот бр. 17.

Иако се шушкаше дека децата на Ескобар спијат на украдени милиони, Мануела живеела многу скромно. Дури и се борела да остане во средната класа. Далеку од тоа дека имала милиони за трошење.

Животот на Хуан му бил многу подобар отколку на Мануела. Сепак, братот и сестрата имале нешто заедничко – стравот. Кога биле уапсени мајка ѝ и брат ѝ, повторно оживеал стравот кај Мануела и таа повторно била уплашена тинејџерка. Иако тие биле ослободени, таа продолжила да живее под клуч и да се крие од светот.

Додека брат ѝ нема веќе намера да се крие и напиша книга за животот на Пабло Ескобар, Мануела живее како самотник. Имала неколку депресивни епизоди и обиди за самоубиство.

Живее со братот и неговата сопруга, кои се грижат за неа. Во неговото последно интервју Хуан рече дека Мануела живее во страв дека некој ќе ѝ се одмазди поради делата на човекот кого речиси и не го познавала и дека ќе треба со својот живот да плати за неговите злодела.

Scroll to Top