Нема веќе стјуардеси на летовите од „Ер Азија“

Од авиокомпанијата „ Ер Азија“ соопштија дека на летовите во индонезиската провинција Ацех ќе бидат присутни само стјуарди затоа што властите од таа провинција барале стјуардесите ја покријат главата според шеријатските закони.

„Засега на сите летови од и кон Ацех ќе има исклучиво стјуарди“, соопштија од „ Ер Азија“, пренесува АП.

Другите индонезиски авиокомпании одлучиле да се потчинат на барањето на властите во провинцијата Ацех, па нивните стјуардеси ќе ги покриваат главите на летовите во таа провинција.

Неодамна стјуардесите од оваа авиокомпанија имаа проблем поради жалбите на патниците на нивните униформи.

 

 

Scroll to Top