Новиот фудбалер на Реал Мадрид се посрамоти на своето претставување за јавноста (видео)

Тео Ернандез е одличен млад фудбалер од Франција, чии сјајни партии не поминаа незабележано, па така Реал Мадрид одлучи да го ангажира овој талентиран фудбалер во своите редови.

Но, неговото преставување за јавноста не помина баш најдобро. Имено, како што е познато постои традиција, новите фудбалери на клубовите на својата презентација за јавноста да покажат што знаат и умеат со топката. Но, овој пат младиот Тео Ернандез се посрамоти и буквално изгледаше како аматер, односно како некој што прв пат има контакт со фудбалската топка. Еве како тоа изгледаше:

https://www.youtube.com/watch?v=i_Cdt2r-TW8

Scroll to Top