Тодор Петров од прозор гледал како ротвајлерот ги каса децата во Аеродром

Вчеравечер социјалните мрежи беа преплавени од коментари и вознемиреност кај граѓаните, зардаи она што се случувало во населбата Аеродром, според кажувањата на политичарот  Тодор Петров, кој бил сведок кога куче од расата ротвајлер нападнал неколку деца. Тодор  Петров, од порозорецот на својата зграда, вели дека го гледал сето ова, па вознемирен се јави на социјалните мрежи.

“Бев сведок на крвава драма. Од зграда во паркот кај игралиштето во Ново Лисиче, карши паркот со авионот, немоќно гледав како ротвајлер се бореше со две деца на 7-8 годишна возраст и една возрасна жена која се тркалаше в трева за да ги одбрани. Викав наглас немоќно од зградата за спас на децата. Уште ми одекнува во ушите врисокот и плачот на децата. Жената го задржа цврсто кучето, децата избегаа накај булевар АСНОМ, и’ се отпушти од раце ротвајлерот, повторно се стрча по децата. Децата се измешаа барајќи помош во една група поголеми деца кои играа кошарка под кошот меѓу зградите. Ротвајлерот повторно ги нападна двете деца кои претходно беа искасани во паркот. Нападнатите деца долго ќе имаат трауми од немилиот настан, дај Боже да поминат со помали рани и без труење или беснило, човек не може да знае што му беше на кучето кое сите ги напаѓаше“, вели Петров . И додава дека градот врие од диви глутници кучиња и кучиња скитници. Тој апелираше до градоначалникот на градот Скопје , Петре Шилегов  и до градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, како и до сите надлежни, да се реши проблемот со кучињата.

Scroll to Top