Успеа да го сними ударот од гром и да преживее удар од 40 милиони волти

Матијас Штајнхубер е човекот кој преживеал удар на гром додека се искачувал на една од планините во Крест Трељ во Калифорнија. Своето искуство го споделил со луѓето ширум светот.

Во август додека заедно со неговата девојка и уште еден другар планинареле виделе како се формираат облаци над нивните глави. Триесегодишниот Матијас посакал да направи фотографија со поглед од висина од 2700 метри.

Во моментот кога го притиснал копчето на апаратот се слушнал звук од грмотевица. Почувствувал силен удар во тилот, а громот му ја искинал облеката.

„Здогледав дим и искри. Помислив дека експлодира“, вели неговата девојка Катрин Калузнер.

Низ телото на 30-годишниот Матијс минале 40 милиони волти. Се онесвестил, а две жени, кои го забележале на оддалеченост од 100 метри, веднаш побрзале да му помогнат. Но, во тој момент повторно го удрил гром. Кога повикале итна помош, биле известени дека хеликоптерот ќе пристигне за пола час и дека не треба да се качуваат на врвот туку да клекнат и да се засолнат.

„Мислев дека е мртов“, се присетува Катрин, која упорно го довикувала момчето. Кога Матијас се освестил успеал некако да седне, а неговата девојка се обидела да му објасни дека го погодил гром.

Кога стигнале спасувачите сфатил што се случува и станал свесен за неподносливите болки.

„Имав чувство дека ми се скршени сите коски во телото и дека горам од внатре“, изјавил тој.

Бил пренесен во болницата во Сакраменто, каде што е утврдено дека има тешки изгореници на градите, рацете и стапалата, поради што не можел се движи. На главата имал седум сантиметри долга лузна. За среќа, органите му биле сочувани и по недела дена го пуштиле на домашно лекување во Инсбрук.

Научниците од американската Национална мрежа за детекција на громови проговорија за сличен случај кој се случил на 22 август. Тогаш гром со сила од 78.000 ампери го погодил Тинкерс Ноб. Обичен домашен осигурач пука кога силата ќе премине преку 16 ампери.

Матијас повеќе од месец дена минал во рехабилитацискиот центар во Инсбрук, а најмногу тешкотии имал при одењето.

„Тоа е како да одите по жежок асфалт, па некој се залетува и ви скока на прстите“, вели тој.

И покрај тоа, неговото оздравување напредувало од недела во недела, а камерата и неговиот телефон го снимиле ударот на громот. Многу луѓе преживеале удар од гром, но Матијас веројатно е единствениот кој успеал тоа и да го сними.

 

Scroll to Top