(ВИДЕО) Ѕирнете во најчудниот затвор во светот – Посетен е од туристи, чуван само однадвор, а внатре си има своја влада и економија

Дури и туристите можат овде да влезат, но на сопствена одговорност…Сместен во срцето на планинскиот град Ла Паза во Боливија, на висина од 3000 метри во Андите, се наоѓа затворот Сан Педро.

Не само што е најголемиот затвор во Боливија, кој е дом за преку 2500 затвореници, туку тој збор „дом“ во овој случај има свое право, изворно значење. Сан Педро затворот е чуван само однадвор, додека во неговата внатрешност воопшто нема чувари.

Единствената задача на чуварите е да од затворот никој не побегне, а додека се внатре, на затворениците им е оставено самите да се грижат за себе.

За да дојдат баш во овој затвор, затворениците мораат да платат влезна карта, а потоа да купат своја ќелија од „затворскиот градоначалник“, или од некои од затворските „фриленс агнети за недвижности“.

Внатре во ѕидините на затворот, осудениците воспоставиле сопствено функционално општество со управувачки систем. Тие дури и организираат избори кога се бираат своите осум официјални претставници, еден за по секој сектор во затворот. Секој сектор има свое мало мнозинство кое ги претставува и донесува одлуки.

Многумина од затворениците на Сан Педро живеат заедно со своето семејство, жени и деца, кои ги има дури и по 200 внатре во затворот.

Токму децата се најранливите жители во затворот и се под постојана опасност од силивање и педофилите, но вде постои и нулта толеранција за таквите престапници, кои штом ќе го сторат злочинот веднаш јавно се фрлаат во малиот базен во средиштето на затворот, каде ги дават пред очите на сите, и ретко кој се осудува да стори такво злодело.

Условите за живот се поинакви во различните сектори. Во најсиромашните делови, на пример сите затвореници се натрупани во три или четири еднокреветни соби. Од друга страна, во лусузните сектори како што е Ла Поста, политичарите и дилерите на дрога живеат во луксузен живот со приватни купатила, кујни и кабловска телевизија. Во овој дел на затворот, животот чини 1500 долари месечно.

Сан Педро има и своја економија, и осудениците работат како продавачи на храна, чувари, пастори, бербери, кројачи, столари, чевлари, а во затоворот се наоѓа и фабрика за најчист кокаин во овој дел на земјината топка. Тука се разбира е и коцкањето, кладењето, трговијата со дрога и алкохолот.

Но, тоа што повеќе чуди е што од 1990 година, туристите се во можност да платат карта за влез во овој затвор. Иако официјланите тури се илегални, чуварите се и повеќе од расположени да примат мито и да ги пуштат туристтеи внатре, пишува „thevintagenews.com“.

Scroll to Top