Викенд во Монако, два дена исполнети со коцкање и забава

Кнежевството Монако се протега на само два квадратни километри, но е една од најголемите светски туристички атракции и нуди многу забавна за да не се досадувате во текот на дводневната посета. Целиот град најлесо ќе го видите со автобус. Што сè треба да  видите во Монако?

Казиното „Монте Карло“

Ако сакате да ја разгледате убаво архитектурата на оваа зграда, посетете ја околу десет часот наутро. Навечер е отворено само неколку часа, но забранета е употреба на фотоапарати и мобилни телефони. Влезот се наплатува десет евра, а се влегува само со документ за идентификација. Повеќето посетители ги користат само слот машините, но бројни се и оние што се одлучуваат за рулет, блекџек или покер во приватните простории.

 

Градините на Монако

Во Фонвеј е градината со рози на принцеза Грејс Кели, надвор од градот се јапонските градини. За љубителите на кактуси тука е егзотичната градина.

Сеќавање на Грејс Кели

Во катедралата „Свети Никола“, 1956 година се венчале Грејс Кели и принцот Рение Трети од Монако. Во истата црква се наоѓа и гробот на поранешната актерка. Во близина е и палатата, а дел од просториите се отворени за туристи, но и тука фотографирањето е забрането. Смената на стражарите облечени во бели униформи се случува секој ден во 11:55 часот претпладне и претставува вистинска туристичка атракција.

Тајните на океанот во Океанографскиот музеј

Во музејот има голем аквариум кој е дом на голем број океански видови од морски коњчиња до пирани. На на катовите се наоѓаат макети на бродови, првата подморница и скелети на голем број животни, вклучувајќи и неколкуметарски скелет на кит.

Scroll to Top