Екатарина Лисина, поранешна професионална кошаркарка од градот Пенза, се надева дека ќе го собори Гинесовиот рекорд како жена со најдолги нозе на светот. Во моментов сопственичка на тој рекорд е уште една поранешна руска кошаркарка од репрезентацијата. Рекордот на Светлана изнесува 132 сантиметри, а верификуван е во Торемолинос, во Шпанија во 2008 година.
29 годишната Екатарина официјално ги има најдолгите стапала во Русија од 30.5 сантиметри и носи број на обувки 47.
Екатарина се обидува да го собори Гинисовиот рекорд како жена со најдолги нозе на светот. Нејзините нозе се долги 133 сантимети, што е сантиметар повеќе од моменталниот светски рекорд, пренесува Спутник.
Поранешната кошаркарка е манекенка и мајка. Нејзиното дете има шест години.
„Имав многу не пријатни моменти во пубертетот. Мислев дека момците не сакаат да комуницираат со мене затоа што бев превисока. Бев вознемирена, и сакав да бидам пониска“, изјави Екатарина за руското издание „Метроа“.
Набрзо свати дека висината и е предност во спортот.
„Кошаркарката ми промени се. Кога наполнив 15 години, го потпишав првиот професионален договор. Почнав да комуницирам со високи девојки и момци. Конечно, кога наполнив 19, сватив дека мојата висина е моја доблест, а не мана и дека многу луѓе ме сакаат, и дека имам многу обожаватели“, вели кошаркарката.
Нејзините фотки можете да ги погледнете овде: