(ВИДЕО) Има нога до грло, и стапало за Гинис – Русинката Екатарина се бори за светски рекорд

By
Екатарина се обидува да го собори Гинисовиот рекорд како жена со најдолги нозе на светот.

Екатарина Лисина, поранешна професионална кошаркарка од градот Пенза, се надева дека ќе го собори Гинесовиот рекорд како жена со најдолги нозе на светот. Во моментов сопственичка на тој рекорд  е уште една поранешна руска кошаркарка од репрезентацијата. Рекордот на Светлана изнесува 132 сантиметри, а верификуван е во Торемолинос, во Шпанија во 2008 година.

29 годишната Екатарина официјално ги има најдолгите стапала во Русија од 30.5 сантиметри и носи број на обувки 47.

Екатарина се обидува да го собори Гинисовиот рекорд како жена со најдолги нозе на светот. Нејзините нозе се долги 133 сантимети, што е сантиметар повеќе од моменталниот светски рекорд, пренесува Спутник.

Поранешната кошаркарка е манекенка и мајка. Нејзиното дете има шест години.

„Имав многу не пријатни моменти во пубертетот. Мислев дека момците не сакаат да комуницираат со мене затоа што бев превисока. Бев вознемирена, и сакав да бидам пониска“, изјави Екатарина за руското издание „Метроа“.

 

Набрзо свати дека висината и е предност во спортот.

„Кошаркарката ми промени се. Кога наполнив 15 години, го потпишав првиот професионален договор. Почнав да комуницирам со високи девојки и момци. Конечно, кога наполнив 19, сватив дека мојата висина е моја доблест, а не мана и дека многу луѓе ме сакаат, и дека имам многу обожаватели“, вели кошаркарката.

Нејзините фотки можете да ги погледнете овде:

 

Ќе ви се допадне