Српската пејачка Ана Николиќ е пред породување, а веќе е примена во болница, откако влезе во деветти месец.
Лекарите сакаат да ја контролираат пејачката, особено поради зголеменото ниво на шеќер во крвта.
Инаку, таа и неодамна доби опомена од лекарите да го промени начинот на живот ако сака да помине пораѓањето без компликации.
Извор вели дека нејзиниот сопруг, раперот Раста бил многу загрижен.