Две лица загинаа, а најмалку 120 се повредени во силен земјотрес што ги погоди грчките острови во југоисточниот дел на Егејското Море.
Неименуван претставник на болницата на островот Кос наведе дека две странски лица се загинати при удар со камења од стара зграда, што се урнала во земјотресот. Градоначалникот на Кос Јоргос Киритас потврди дека загинатите се странци.
Земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геофизички институт, додека Опсерваторијата во Атина наведе дека тој бил со јачина од шест степени, а други грчки преставници тврдат оти неговиот интензитет бил со 6,5 степени според Рихтер.
Погледнете го драматичниот момент за време на потресот: