Оваа торта е готова за десет минути

За овој десерт ова е се што ви треба:

1 шолја шеќер
 2 шолји брашно
2 мали лажички прашок за пециво
1/4 шолја незасладено какао
 2 јајца
 3/4 шолја млеко
 125гр стопен путер
180гр црно чоколадо
 1/3 шолја слатка павлака

Кружно тавче кое може да се користи во микробранова печка

Најпрво промешајте ги сите суви состојки а потоа додадете ги јајцата, млекото и путерот. Сето ова добро измешајте го и сипете го во сад кој може да се користи и во микробранова печка.
Печете ја тортата на највисока температура околу седум минути, а потоа извадете ја и проверете со чепкалка за заби дали е готова. Ако е готова, оставете ја тортата да се излади, а за тоа време подгответе го преливот. Тоа ќе го направите така што црното чоколадо ќе го издробите и ќе ја додадете слатката павлака.
Добиената мешавина ставете ја во микробранова печка која ќе ја вклучете на две минути, но ќе ја прекинувате на секои триесет секунди за да го промешате преливот.
Чоколадниот сос прелијте го преку тортата, оставете уште малку да се излади и послужете.
Добар апетит!

 

Scroll to Top