(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СМРТ НА ЖИЧАРА – Тинејџерка и помагаше на девојче да се спушти од зградата па ИЗГУБИ РАМНОТЕЖА

Адита Санги (16) седеше на работ на шестокатницата и им помагаше на останатите ученици да ги прицврстат безбедностните појаси, пред да се спуштат, кога наеднаш изгуби рамнотежа и падна.

Таткото на младата Адита, инаку инструкот од колеџот, ја водеше вежбата, која се одржуваше во рамките на активностите на Меѓународниот колеџ за девојки во индискиот град Џајпур, пишува Дејли Мејл.

 

Адита беше пренесена во болница со тешки повреди на главата, но набрзо ја изгуби битката за живот и им подлегна на повредите.

Aditi

Колешката на настрадатаната девојка изјави дека Адита била многу талентирана, и дека и нејзе ја обучувала за тој вид на активности на колеџот.

„Неколку ученици изјавија дека трагедијата можела да биде избегната, доколку постоеле подобри мерки за безбедноста, како безбедносна мрежа“, наведе ученичката Муксан Агравал.

Докторката од колеџот, Раки Гупта, одби да обвини некој за трагедијата. Вели дека тоа беше едноставно несреќа, а во време на несреќата, Адита дури не ни требало да биде како дел од целиот настан.

 

Scroll to Top