(ВИДЕО) Направи „СМРТОНОСНО“ ПРЕТЕКНУВАЊЕ покрај крајбрежјето на Црна Гора

Ќе продолжи вака додека не загине!

На црногорското крајбрежје, сега има голема гужва, па магистралните патишта се преполни со возилата на туристите.

Но, наместо да возат „не побргу од животот“, има и такви кои апсолутно не им е гајле за својот, ниту за животот на другите луѓе во сообраќајот.

На Фејсбук страницата на Подгорички времеплов, осамна снимка на возење токму од еден таков возач, а каков безобразлук направи и тоа со полна брзина, погледнете во видеото.

Бројните коментари се редеа под снимката, а сите укажуваа дека на овој човек местото му е во затвор, и дека треба да му се одземе возачката дозвола, и дека полицијата треба малку подобро да си ја работи работата.

На бесните реакции на граѓаните им немаше крај, но и понатаму не се знае дали возачот на овој автомобил бил на крајот казнет.

Снимката од ваквите опасни ситуации од Црна Гора никогаш не им беше доста, а на следниот линк може да погледнете уште некои од нив.

 

Scroll to Top