Еден од најпознатите победници на Евровизија последниве години, Швеѓанецот Манс Зелмерлов, последните денови од својот годишен одмор ги минува во Хрватска.
Но, музичарот, кој лани ја имаше честа и да биде водител на Евросонгот и беше прогласен зе еден од најдобрите водители во историјата на ова натпреварување, сепак во Далмација не дојде само да се одмори, туку имал „разработено“ и план.
Имено, тој на неговата девојка, актерката Кјара Јансон, со која е во врска една година, и предложил брак во Св. Јурај на островот Вис.
Фотографиите двајцата ги објавија на нивните профили, а Кјара наведе дека наскоро ќе биде „госпоѓа З“.