Лаурен Ледфорд од Калифорнија, објави на својот „Фејсбук“ профил дека доставувачот на пица и испратил „ужасно“ писмо, затоа што не му оставила бакшиш, пренесува Мирор.
Таа наводно нарачала пица, која ја изела, а шест дена подоцна, пред влезната врата забележала порака.
„Ве молам прочитајте и внимавајте. Вчера дојдов дома и затекнав писмо испишани на четири страни“, напиша Лаурен.
„Ве молам следниот пат оставајте бакшиш на доставувачот. А ако следниот пат повторно ја донесам пицата, а ти не ми дадеш бакшиш, веројатно ќе те ограбам. Се шегувам, но не, навистина. Немој да ризикуваш. Кој знае на што се е способен доставувачот кој тој ден нема што да јаде“, напиша доставувачот во пораката.
Таа го пријавила во фирмата од каде порачала пица, како и во полиција. Доколку биде фатен би можел да се соочи со кривична пријава.