(ФОТО) Не му оставила бакшиш на доставувачот на пица – По неколку дена на врата ја дочекало страшно писмо

Таа наводно нарачала пица, која ја изела, а шест дена подоцна пред влезната врата ја дочекала порака.

Лаурен Ледфорд од Калифорнија, објави на својот „Фејсбук“ профил дека доставувачот на пица и испратил „ужасно“ писмо, затоа што не му оставила бакшиш, пренесува Мирор.

Таа наводно нарачала пица, која ја изела, а шест дена подоцна, пред влезната врата забележала порака.

„Ве молам прочитајте и внимавајте. Вчера дојдов дома и затекнав писмо испишани на четири страни“, напиша Лаурен.

„Ве молам следниот пат оставајте бакшиш на доставувачот. А ако следниот пат повторно ја донесам пицата, а ти не ми дадеш бакшиш, веројатно ќе те ограбам. Се шегувам, но не, навистина. Немој да ризикуваш. Кој знае на што се е способен доставувачот кој тој ден нема што да јаде“, напиша доставувачот во пораката.

Таа го пријавила во фирмата од каде порачала пица, како и во полиција. Доколку биде фатен би можел да се соочи со кривична пријава.

Scroll to Top