На програмерите повеќе не им е доволен факултетот – ИТ компаниите имаат потреба од експерти

ИТ компаниите имаат потреба за експерти кои за кратко време трба да испорачаат високо квалитетни софтвери, а не програмери со општо познавање.

Програмирањето и понатаму е еден од најперспективните занимања, како во светот така и на балканските простори. Потребата за програмери никогаш не била поголема, па така само во нашата земја, недостигаат 30.000 ИТ експерти.

Причините за одбирање на овој занает се различни – работата секогаш има (и допрва ќе има), високи плати, можност за напредување…

Но, веќе некое време не е доволно само да се заврши факултет и да се добие диплома, за да се најде добро платена работа во ИТ секторот. Студентите кои завршиле факултет, излегуваат со општи познавања, а работодавците во реалниот свет, немаат многу потреба од нив. Работа можат да пронајдат, но за многу помала плата.

ИТ компаниите имаат потреба од експерти кои за кратко време испорачуваат високо квалитетни софтвери, и на кои во секој момент ќе можат да сметаат на нив. Тоа се разбира носи и драстично поголеми плати.

Токму тоа е главната причина поради која, програмерите се повеќе се насочуваат кон, таканаречена специјализација.

Таа специјализација не значи задолжително запишување на мастер или докториски студии на различни факултети, туку во прашање се и тренинзи и курсеви, со помош на кои програмерите можат да, своите општи познавања ги специјализираат за одредена област.

Било да е во прашање веб-програмирање, развојот на мобилни апликации или софтвери за компјутери, сето тоа е можно да се усоврши на тренинзите и курсевите на JAVA-e, PHP-а, Андроидите, iOS-а…

Во моментите на избор на некој вид од оваа специјализација, важно е да се обрне внимание на тоа дека учењето не смее да биде само теориско, туку да има што повеќе пракса.

Каде можете да очекувате пракса?

 

Праксата можете да ја очекувате на курсевите кои ги организираат големите IT компании, како што е на пример „Comtrade“. Со повеќе од 2000 IT инженери, оваа компанија прави софтверски решенија и овозможува IKT и консалтинг услуги на водечките компании во светот. Тоа е само еден од примерите како од Србија може да се работи со најголемите компании на денешницата како BMW, Ryanair, Citrix.

Доколку сакате да се занимавате со програмирање и да бидете добро платени за таа работа, ви советуваме да добро размислите за насочување на своето веќе постоечко знаење, кое сигурно не е мало.

 

Scroll to Top