Од друга перспектива гледано на љубовните приказни од цртаните кои ги обожаваме, може да значи дека баш секој од нив со себе носи една важна љубовна лекција…
Често може да се слушне дека Дизни, на децата им дава нереалистична слика за љубовта во која секогаш и за секого постои „принц на бел коњ“, но кога ќе се соочат со реалната ситуација, во реалниот живот, неретко од корен се разочаруваат.
Но, тоа сепак не значи дека во цртаните на Дизни, нема вистински квалитетни љубовни приказни, но и оние целосно кои се дисфункционални. Од тоа може да се заклучи дека, гледано од поинаков агол на љубовните приказни од цртаните, може да значи дека баш секој од нив сос себе носи една важна љубовна лекција.
Ова е листата на љубовните приказни на Дизни, од најамалку функционални, до најидеални.
Ариел и принцот Ерик – не само што таа, поради него се одрекла од својот глас, за да во замена добие нозе, туку од друга страна, Ерик не ја изневерува со Ванеса и иако Ариел е тука, тој верува дека таму некаде постои „таа вистинската“. Да не зборуваме за тоа што низ целиот филм во негово име иде титулата принц, додека малтене и заборава дека и таа е исто така принцеза. На крајот просто се има впечаток дека тие едвај се споија, и се двојка чија љубов ни на крајот на филмот не делува така убедливо.
Бела и Ѕверот – Чудовиштето го киднапира таткото на жената која му се допаѓа, па потоа ја киднапира и неа. Но, сето тоа некако е и во ред, затоа што тој и дава книга и малтене се развива стокхолмски синдром. Секако не е здрав начинот на кој децата треба да учат што е тоа љубов.
Покахонтас и Џон Смит – Додека Појахонтас е весела, слободна и дива девојка, која ја сака природата и животните, тој е некој вид на расиста, и симбол на оние кои денеска го градат ѕидот околу Америка. Таа дури и поради него го менува начинот на облекување и фризурата, но за среќа, тој е вратен во Англија, и единствената лекција може да биде дека жената не треба во љубовта да се изгуби себе си.
Снежаната и нејзиниот шармантен принц – Во цртанот од 1937 година, за прв пат се претставува ликот „принцот на бел коњ“, кој е судбоносен и фатален во исто време, само што овој принц изгледа никако да се одлучи што сака и доаѓа да ја спаси својата љубов, дури кога тоа е можеби предоцна.
Аурора и нејзиниот шармантен принц – Овде идејата „принц на бел коњ“, малку се развива, но тој и понатаму сака да ги бакнува лицата на спиење, како да неговите бакнежи се спасителни. Порака – девојки, не чини да се мисли дека вас може да ве спаси момче или маж, ниту дека без него сте изгубени.
Пепелашка и нејзиниот шармантен принц – И еве повторно, само што сега е шармантен, богат и го има целиот свет под нозете, па така и секоја жена на овој свет. Но, повторно е незадоволен. А таа е јадна и измачена, како поради смртта на нејзината мајка, така и поради фактот дека секој ден е жртва на семејно злоставување, мачење. И тогаш тие се среќни, како спас еден за друг, како единствена животна надеж и радост еден за друг. А каде е тука љубовта?
Мулан и Шанг – Ова е најзгодниот пар во цртаните на Дизни. Тој огромен, згоден и мускулес, таа мала и слаба. Но, оваа двојка ќе се сретне, откако и двајцата ги следат своите сништа и биле упорни и храбри, што во целата приказна дава многу квалитетен почток, за разлика од останатите цртани, каде прицезите го жртвуваат своето вистинско јас поради мажите.
Аладин и Јасмин – Таа е заштитничка на животните и зборува со својата „мачка“ (тигар), тој е забавен и зброува со својот мајмун. Тие се поинакви, но повторно исти и притоа, секој останува свој. Таа не ја сокрива својата сексуалност, тој на тоа не и замерува. Иако по малку лаже, тие повторно се исти, и притоа секој останува свој. Иако малку лаже околу тоа, кој навистина е, што речиси секој го прави при удварањето, ова секако е еден од силните квалитетни почетоци на љубовната врска.
Симба и Нала – Овие двајца се најдобри „луѓе“ на целата наша листа, иако што единствено, всушност тие не се луѓе. На почетокот се најдобри пријатели, поради што нивниот однос отсекогаш се засновал на меѓусебно почитување. Тие се смејат на фактот дека изненадувачки ќе станат родителите, се засмејуваат еден на друг во текот на тешките периоди, а таа го охрабрува да се врати во своето кралство и да го симне од тронот својот вујко. И покрај нивната хемија која е толку видлива, и очигледна, што буквално сакаме сите да бидеме лавови, за да можеме да имаме ваква љубов. На нив треба да се угледаме!