Киднапирани од мајка им, уште во време на Сталиновата Советска Русија, сијамските близнаци Маша и Даша Кривослјапова, со години биле подложни на најзлобни медицински експерименти и истражувања.
Иако целиот живот живееле по институции за нивниот хорор малку се знае, сега целата приказна излезе на виделина и тоа благодарение на новинарките Џулиет Батлер, пренесува Дејли Мејл.
„Нема сомнение дека Маша била психпат, а дека Даша била во емоционално условувачка положба, и дека била злоставувана од страна на својата сестра“, изјави Батлер, која станала нивна пријателка во 1988 година.
Таа исто така открива дека близначките веднаш по раѓањето во јануари 1950 година, била одземена од мајка и Јекатерина, на која и било речено дека нејзините бебиња умреле по царскиот рез. Потоа селделе години на експеримент и мачење.
„Токму јас бев таа која ми рече што се доживувале во текот на детството, затоа што тие тоа целосно го потиснале. Даша тогаш рекла: „Па тие само си ја работеле работата“, додека Маша била бесна. Дури и кога Даша се заљубила и љубовта и била возвратена, Даша одбила го одбила момчето, затоа што никој не смеел да ја има Даша освен Маша“, вели Батлер.
Така беше и со начинот на живот, бидејќи Даша сакала да работи, а Маша само сакала да пуши и пие алкохол, што биле работи кои Даша не ги подносувала. Но, останале заедно до смртта во 2003 година, кога прво Маша починала од срцев удар на 54 години, но како Даша ни тогаш да не сакала хируршки се одвојат телата, па умрела од труење на крвта од телото во распаѓање, само неколку часа по нејзината сестра.