Слоновите ги спасуваа туристите од големите поплави во Непал

„Околу 300 гости вчера беа спасени откако беа ставени на грбовите на слоновите и во тракторите со приколки за да бидат пренесени до блискиот Баратпур, додека другите денеска ќе бидат префрлени на безбедни места“.
Во Непал, град кој беше погоден од поплави по четиридневните дождови, ангажирани биле слонови за спасување на над стотина странски туристи, кои беа заглавени во сафари-паркот, соопштија денеска официјалните лица. Оттаму велат дека бројот на загинатите во незгодите во таа земја пораснал на 70.Во Саурахи, 80 километри јужно од Катмандуа, реката Рапти се изли од коритото поплавувајќи ги хотелите и рестораните, каде што престојувале околу 600 туристи, пренесува Ројтерс.

На крајот на Националниот парк Читван живеат 605 големи носорози, местото е популарно меѓу странските туристи, вклучувајќи ги и индиските и кинеските посетители, пред сè поради јавањето слонови и набљудувањето на носорозите.

„Околу 300 гости вчера беа пренесени на грбовите на слоновите или со трактори со приколка до блискиот Баратпур, додека другите денеска ќе бидат префрлени на безбедни места“, изјави Суман Гимир, шефот на групата на сопственици на хотелот во Саурахи.

Шива Радџ Бата, од организацијата за заштита на животни во Непал, вели дека еден носорог загинал во поплавите.

 

Според зборовите на спасувачите, 26 од 75-те области во Непал биле погодени во поплавите, или одроните, откако обилните дождови ја погодија оваа претежно планинска земја.

 

Околу 50 лица се водат како исчезнати во поплавите и одроните, соопшти министерот за комуникации, Мохан Бахадур Баснет, додавајќи дека повеќе од 60.000 куќи се под вода, од кои повеќето се во јужните рамнини долж границата со Индија.

Спасувачите и понатаму се обидуваат да допрат до селата погодени од најголемите поплави во изминатите неколку години.

„Ситуацијата е загрижувачка затоа што се загрозени над десетина илјади луѓе“, изјави Баснет Ројтерс.

Монсунските дождови, кои почнуваат во јуни и траат до септември, се многу важни за Непал затоа што од истите зависи земјоделството, но секоја година носат со себе голем број животи и нанесуваат голема штета на имотите, напоменува британската агенција.

Scroll to Top