Борците за заштита на животни забележаа чудна работа кај кучињата во индустриските делови на Мумбај. Животните масовно посинеле.
Во индустриската зона во Мумбај се наоѓаат над стотина хемиски фабрики, а активистите предупредуваат дека една од нив испуштила боја во близина на реката Касада“, пишува Би-би-си.
Загрозената зона е затворена за луѓе, а кучињата масовно лутаат во тој предел по храна, но и за да се разладат во водата.
Штом влезат во загадената река, влакната ја примаат сината боја поради испуштените хемикалии.
Локалната комисија за заштита на животната средина изјави дека го истражува случајот и од таму велат дека ќе бидат поднесени пријави против загадувачите.
Гледајте го видеото: