Желка стара 35 години побегнала од зоолошката градина

Џиновска желка која побегна од една зоолошка градина во Јапонија пронајдена е две недели подоцна на 140 метри од својот дом.

Абу, женката стара околу 35 години, побегнала од зоолошката градина „Шибукав“ од Окајама на почетокот на август.

Зоолошката градина потоа понуди награда од 500.000 јени (околу 4.500 долари) за нејзино безбедно враќање. Тоа на желката ѝ е второ бегство за две недели, која во утринските часови слободно се движи во зоолошката.

Таа е тешка 55 килограми и долга околу еден метар.

„Ни олесна кога безбедно се врати поради тоа што е омилена меѓу децата“, изјави еден од работниците на зоолошката градина, Јошима Јамане.

 

 

 

Scroll to Top