Дури 37 членови го прават Лес Хенокиенс, братството на компанијата која делува ширум светот веќе 200 години, но и ден денешен ја водат членови на семејството, пренесува еconomist.com.
Две компании кои наскоро треба да ја понесат титулата најстари семејни компании се Хоши, која е основана во 781 година, и Конго Гуми, будистичкиот храм основан во 578 година.
Пред Втората светска војна градскиот кодекс на Јапонија одреди дека семејното богатство мора да се пренесува преку машка линија. Традицијата ги одредувала сите премини во рацете на најстариот син.
Во домаќинствата кои имало само ќерки дошло до голема побарувачка за посвоени синови кои би можеле да ги преземат презимињата, но и бизнисот.
Ако биолошкиот син се смета за недекватен наследник, и тој може да биде заменет со лице кое е посвоено. Од друга страна, семејствата кои имаат вишок млади синови ги даваат на посвојување.
Иако овој закон повеќе не мора да се применува, деловните семејства тешко се одрекуваат од старите навики. Опаѓањето на наталитетот во оваа земја дополнително го намали бројот на машки наследници.