Чак Норис во средината на јули имаше два инфаркти, во казиното во Невада во кое во тој момент се наоѓаше со сопругата Гена Окели.
Се се случи во утринските часови околу 6, кога поради силните болки во градите, славниот актер падна на подот, пренесува „Radar Online“. Итната помош за неколку минути стигна на лице место, а актерот во количка, на патот до болница, наводно престанал да дише.
„Вакви два удари лесно би усмртиле и двојно помлад човек, но Чак и понатаму е многу силен“, наводно изјавиле лекарите кои внимавале на него.
Како што пренесува „Radar Online“, Чак на 16 јули со семејството присуствувал на Светското првенство во боречки вештини во Лос Анџелес. По случувањата, Чак со семејството тргнал кон домот во Честер, но одлучиле да направат пауза во „Tonopah Station“ хотелот во Невада, каде Чак го задесија здравствените проблеми.