Потребни состојки:
120 гр бајат леб
1 помала тиквичка
2 јајца
1 лажичка сечкан магдонос
2-3 лажици пармезан
1/4 лажичка куркума
1/4 лажичка копар
по потреба мешан сув зачин, црн пипер
Начин на подготовка:
Лебот искинете го на мали парчиња. Додајте ги ренданата тиквичка, јајцата, магдоносот, пармезанот, куркумата и копарот. По потреба додајте мешан сув зачин и црн пипер и со рака убаво замесете ги состојките. Со раце земајте од смесата и формирајте ќофтиња. Пржете ги во загреано масло додека убаво да заруменат.