На својот разрушувачки пат, овој ураган повторно ја достигна четвртата категорија.
Во моментов околу 50.000 луѓе бараат засолништа на Флорида, додека 6 милиони мора да се евакуираат.
Многу од нив брзаат за да ја обезбедат сопствената безбедност и зад себе ги оставија своите домашни миленици, што сериозно им замеруваат корисниците на социјалните мрежи.
Нивото на морето можеше да порасне за 4,5 метри, ударите на ветерот достигнуваат и до 400 километри на час, што воопшто не им се допаѓа на овие папагали.
Во Мајами во моментов без електрична енергија се повеќе од десетина илјади жители, а нивната судбина ја делат и жителите од Зоолошките градини.
„Ирма“ веќе направи проблем на Куба, каде во копното удри и во петокот вечерта. Поради тоа, и еден делфинариум мораше да биде евакуиран.